Експертите објавуваат дека еден од главните фактори за превенција на заразата со Ковид-19 е честото миење на рацете. Поради тоа, Google реши да им помогне на корисниците на WearOS да не заборават тоа да го направат.

Во Wear OS 5.4.0 е вграден потсетник, кој корисникот на секои три часа го предупредува дека е време да ги измие рацете. Исто така, при миењето се активира тајмер кој трае 40 секунди, со цел корисникот да биде сигурен дека поминал доволно време во сапунање и испирање на рацете (да потсетиме, СЗО препорачува да се мијат рацете најмалку 20 секунди). Покрај тоа, потсетник ќе инсистира при миењето раце да се употребува сапун.

Секако, овој потсетник е можно да се исклучи доколку не сакате паметниот телефон да ве „замара“ и да опоменува секој час. Но, идејата воопшто не е лоша. Веќе после неколку дена со вклучен потсетник, корисникот ќе добие условен рефлекс и навика често да ги мие рацете, а тоа никако не може да му штети…