Huawei го објави добивањето на наградата за најдобар смартфон за фотографии за 2020 година од престижната TIPA за новите Huawei P40, P40 Pro и P40 Pro+. Четврта година по ред TIPA ја наградува P-серијата на Huawei за многуте иновативни и исклучителни решенија и крактеристики што се вреднуваат и ценат одпрофесионалните фотографи.
Основана во 1991 година, TIPA е најголемо и најпочитувано светско здружение за медиуми и фотографи, печатени и онлајн. Здружението ги доделува Светските наградина годишно ниво на компании и нови производи кои уредниците на TIPA ги сметаат за оние кои испорачуваат најдобар квалитет, перформанси и вредност на потрошувачите.
„Способностите на фотографирање со смартфонсмело прават уште еден чекоркон иднината со најновите членови на Huawei P Series“, стои на официјалната веб-страница на TIPA World Awards 2020.
Сите три модели од серијата P40 – P40, P40 Pro и P40 Pro+ имаат чипсет Kirin 990 5G, голем сензор од 1/1.28 инчи и целосен фотографски систем развиен со Leica. Дополнителни карактеристики на моделите се алгоритми на рамнотежа на батеријата со AI, вклучително и оние кои се посветени на оптимизирање на тонот на кожата и текстурата, значително зајакнат динамичен опсег и слаба изведба на светлина, сензори за температура на бојата, можност за фокусирање на сите пиксели и XD Fusion Engine за мазно зумирање и оптимизација на квалитетот на сликата.
Светските награди TIPA 2020 се уште едно признание во списокот со високи резултати на сериите Huawei P40. Неодамна, P40 Pro беше прогласен од страна на DxOMark за најдобриот паметен телефон за фотографија во светот со рејтинг од 128 поени, што е највисок вкупен резултат во престижната шема. Флегшипот на Huawei, P40 Pro, заработи и највисоки оценки за главните и селфи камери со 140, односно 103 поени.
Поврзани артикли