Компанијата Sony во склоп на својата иницијатива Play At Home, на корисниците на конзолата PlayStation 4 им подарува четири игри.

Sony сака да ги охрабри луѓето да останат во нивните домови додека трае пандемијата со коронавирусот, па од вчера нуди четири бесплатни игри за PS4.

Играта Journey доби оценка 10/10 на порталот GameSport кој објавува информации за игри и рецензии за истите.

Преостанатите три игри се од колекцијата Uncharted: The Nathan Drake Collection, која вклучува 3 игри, а тоа се Uncharted: Drake’s Fortune, Uncharted 2: Among Thieves и Uncharted 3: Drake’s Deception.

Рокот за бесплатно преземање на игрите е 5. мај, а од Sony предупредија дека процесот на пресемање во САД и Европа би можел да биде побитен, со оглед на тоа дека компанијата намерно го контролира сообраќајот, за да се зачува интернет пристапот.

Извор: Klix.ba