Facebook ќе почне на News Feed на оние корисници кои лајкнале лажни вести кои се во врска со коронавирусот да додава постови за тоа што се дезинформации и зошто е ни требало да се читаат.
Имено, компанијата на 16. април понуди апдејт, кој би требало да послужи за борба против опасните дезинформации и најави неколку нови опции за промовирање точни вести. Па така, на Facebook страниците на оние кои ги лајкнале и коментирале постовите, кои Facebook подоцна ги отстрани поради ширењето на лажни вести, ќе се појавува ново поле кое би требало да ги охрабри да ги побараат исправните податоци на веб-страницата на Светската здравствена страница. Покрај тоа, Facebook ја лансира и „Get the Facts“ секцијата, во која ќе се најдат проверени информации за тековната пандемија.
Новата одлука дојде откако Avaaz го прогласи Facebook за епицентар на ширење на дезинформации за коронавирусот, и во таа прилика цитираше бројни вести кои се споделувани на платформата, а кои содржале опасни здравествени совети, и информации за лажни лекови. Facebook потоа соопшти дека веќе се отстранети над 100 постови, кои содржеле дезинформации, и тоа во само неколку изминати недели, и дека планира во иднина да ги заостри мерките на внимателност.
Поврзани артикли