Apple неодамна го претстави A12Z Bionic чипсетот на iPad Pro 2020 моделите. По објавата, многумина се прашуваа дали чипсетот во најголема мерка е сличен на A12X Bionic моделот од 2018. година, најмногу поради скромните подобрувања во перформансите.
Се испостави дека двата чипсета се речиси идентични. Според анализите на TechInsights, A12Z и A12X имаат иста структура кога ќе се погледнат одблиску, вклучувајќи и осум GPU јадра и нивното позиционирање на двата чипсета.
Разликата е во тоа што двата чипсета се бинувани, па така A12X се испорачува со овозможени седум од осум GPU јадра, додека A12Z ги има сите осум јадра оспособени за работа.
Во случајот на A12X, еден од GPU кластерите веројатно е онеспособен за да се произведе поголема количина. Меѓутоа, две години подоцна, Apple веројатно добива подобри резултати од 7nm процес на производство на TSMC, така што може да ги обезбеди чиповите со сите осум функционални јадра.