Коронавирусот не само што предизвикува треска, кашлица и проблеми со дишењето туку и невролошки проблеми, како што се главоболка и вртоглавица, покажува новата кинеска студија.
Студијата е спроведена од кинески научници за пациенти во Вухан, потеклото на пандемијата, а резултатите се објавени во магазинот JAMA Neurology.
Тие известија дека третина од 214 пациенти што ги испитале покажале знаци на влијание на вирусот врз нервниот систем.
И порано имало случаи кога пациентите заболени од Ковид-19 го изгубиле чувството за мирис и вкус.
Овие симптоми укажуваат на тоа дека мозокот бил погоден на некој начин од болеста, коментира специјалистот за заразни болести Бернд Салцбергер од Универзитетската болница во Регенсбург.
„Но, има многу малку студии за ефектите на коронавирусот врз мозокот на пациентите. Ние сè уште тапкаме во темница“, додаде тој.
Поврзани артикли