Brend RedMagic прима преднарачки за својот нов смартфон под името RedMagic 5G, кој воедно е и прв со екран со фреквенција на освежување од 144Hz.
Оваа фреквенција на освежување е каракетристика на врвните монитори наменети за компјутерите за гејмери.
RedMagic 5G има голем 6,65-инчен OLED екран со резолуција од 1080p, а смартфонот изгледа и поголем поради тенките рами и на горната и долната страна. Тоа значи дека нема засек за предната камера, што е позитивна карактеристика за гејминг.
И останатите спецификации се одлични, бидејќи смартфонот го покренува Snapdragon 865 чипсет, поддржува 5G мрежа, има до 12 GB LPDDR5 RAM и 256 GB интерна меморија, а го користи оперативниот систем Android 10. Го напојува батерија од 4.500 mAh, која поддржува брзо 55W полнење. Сепак, безжичното полнење за жал не е возможно.
На задната страна има три камери, вклучувајќи го и Sony IMX686 сензорот од 64 MP. Исто така, присутен е и 3,5 мм влез за слушалки, како и стерео звучници.
RedMagic 5G има и капацитативни копчиња кои можат да се програмираат, а достапен е и додаток кој служи како контролер со копчиња. На задната страна на уредот е поставено осветлено лого, додека бочно се наоѓа копче кое го активира гејминг модот.
Моделот со 8 GM RAM и 128 GB интерна меморија чини 579 долари, додека за верзијата со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија потребно е да се издвојат 649 долари.