Додека им се радуваме на новите уреди и нивните можности, па и на брзините на полнење кои се се поголеми, секогаш се наоѓа некоја компанија која пријатно ќе не изненади во момент кога никој не очекува. Во последно време, тоа воглавно се кинеските компании, па прв таков телефон што ќе излезе на пазарот е најверојатно OnePlus 8 со брзина на безжично полнење од 30W.
Иако тоа е прилично добар резултат, не можеме да ги занемариме наводите на компанијата Oppo, кои велат дека во време на излегувањето на нивниот уред Reno Ace 2, на пазарот ќе се појави и најбрзиот полнач на светот.
Уредот ќе поддржува одлични 40W безжично полнење според AirVOOC стандардот, што во целост ќе го наполни уредот, чија батерија има 4000 mAh, за помалку од еден час. Како и нивниот претходник кој не е 5G, но и поновиот Find X2 Pro, новиот модел од Reno серијата Ace 2 поддржува и SuperVOOC 2.0 безжично полнење, кое преку опционален полнач му овозможува да се полни со брзина од 65W, што во пракса значи телефон со полна батерија за половина час.
И другите компании имаат свои технологии, со кои пробуваат за што пократко време безбедно да ги наполнат своите уреди. Тука е Huawei со полнач од 40W, кој ќе може да се користи со моделот P40 Pro. Тука е и Xiaomi со слична брзина на полнење, но не треба да се заборави ни Vivo, со технологијата Wireless Super FlashCharge од 60W која пристигнува подоцна во текот на годината.
Поврзани артикли