По објавата на P40 серијата телефони, Huawei се подготвува и за ажурирање на Mate линијата. Се очекува дека Huawei Mate 40 ќе бидат претставени во текот на втората половина од годината.
Аналитичарот Guo Mingji сугерира дека Huawei ќе користи „free-form“ објектив за камерата за претстојните премиум Mate модели, а од оваа функција најмногу би требало да има корист телефото сензорот, за да ги намали деформитетите при широкоаголните снимки.
Со оглед на тоа дека Huawei го има во сопственост патентот за „free-form“ објектив, веројатно е дека тој ќе се појави само на паметните телефони на компанијата.
Покрај подобрувањата на можностите за фотографирање, Huawei Mate 40 серијата ќе имплементира и Kirin процесори од следната генерација. Претходно е откриено дека Kirin премиум чипсетот, со кодно име Baltimore, ќе го користи 5nm процес на компанијата TSMC, а ќе има и значително подобрен CPU и GPU.
Се очекува дека ова ќе биде Huawei Kirin 1020, со Cortex-A77 или A78 јадра, а перформансите би требало да бидат за околу 50 проценти подобри отколку кај Kirin 990 чипот.
Според овие информации, Kirin 1020 би можел да влезе во масовно производство во текот на август оваа година, додека Mate 40 серијата би можела да биде објавена во септември.
Поврзани артикли