Откако неодамна се појави фотографија од Huawei MatePad T млделот, сега имаме увид и во изгледот на уште еден таблет на кинеската компанија – Huawei MatePad.

Таблетот е фотографиран на постер во Кина, а го открива дизајнот на уредот, заедно со некои карактеристики. Huawei MatePad има 2K дисплеј без засек, за кој се верува дека дијагонала од 10,4 инчи.

На задната страна на уредот е видлива главната камера (се верува дека ќе има 8MP сензор), како и LED блиц. Иако тоа не е видливо на фотографијата, се сугерира дека MatePad ќе има и предна камера од 8MP.

Huawei MatePad има USB-C порт на дното на уредот, поддршка за M-Pen стајлус и ќе биде достапен барем во две бои – бела и сива. Постерот, исто така, открива дека таблетот ќе го покренува Kirin 810 чипсет.

Претходните гласини сугерираа дека уредот ќе има 7250mAh батерија, EMUI 10.1 Lite софтвер и ќе биде достапен во LTE и Wi-Fi варијанти. LTE моделот ќе биде достапен во 4GB/64GB и 6GB/128GB конфигурации, додека Wi-Fi моделот ќе има 4GB/64GB и 4GB/128GB верзии.