Индискиот лунарен лендер со кој беше изгубен контакт неколку мига пред превиденото време за спуштање на Месечината во почетокот на месецов, имал „грубо слетување“, соопшти НАСА. Во превод за обичните смртници, тоа значи дека се срушил.

На новите објавени фотографии на кои се гледа одбраната локација за слетување на лендерот, леталото го нема никаде на видик.

Во случај мисијата да беше успешна, Индија ќе станеше четвртата нација која успешно слетала на Месечината. Лендерот Chandrayaan-2 требаше да слета на површината на Месечината на 7 септември, еден месец по лансирањето.

Лендерот се доближи до Месечината најнормално, но до грешка дојде на оддалеченост од 2,1 километар од површината.

Леталото на НАСА Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) на 17 септември изврши надлетување на местото каде што требаше да се спушти лендерот и направи неколку фотографии со висока резолуција, но од лендерот ни трага, ни глас.

НАСА ќе направи нови фотографии на локацијата во октомври.

Извор: Klix.ba