Основачот и сопственик на Twitter, Џек Дорси, најави дека ќе донира една милијарда долари за да помогне во борбата против пандемијата од новиот коронавирус.
Тој на социјалната мрежа објаснува дека сумата претставува 28 проценти од неговото богатство. За да се обезбеди тоа, тој постепено ќе продава акции на својата друга компанија, Сквер, специјализирана за електронски плаќања.
Сопственикот на Amazon, Џеф Безос, кој во моментот е најбогат човек во светот, пред неколку дена објави на Инстаграм дека ќе донира 100 милиони долари на американските банки за храна.
Основачот на Facebook, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан, предложија 25 милиони долари за научно истражување во потрага по лек за коронавирусот.