Познатиот производител на графички картички Nvidia се придружи на COVID-19 High Performance Computing Consortium, групација која своите компјутерски капацитети им ги стави на располагање на истражувачите кои пробуваат да пронајдат лек за коронавирусот.
Овој конзорциум засега поседува 30 суперкомпјутери, кои заедно нудат процесорска сила од 400 петафлопси. Nvidia како додаток ја понуди и својата експертиза во AI, како и своето знаење во оптимизација на процесот на обработка на податоците помеѓу суперкомпјутерите.
Компанијата на истражувачите им обезбеди и пристап до нивниот SaturnV суперкомпјутер. И претходно оваа компанија веќе понуди значајна компјутерска сила во вид на 27.000 графички картички во рамките на Summit суперкомпјутерот, како преку многуте компании кои им се приклучиле на своите компјутери преку Folding@Home проектот. Сепак, ова последното претставува значаен чекор напред, кој сигурно ќе придонесе на побрзо пронаоѓање на ефикасен лек против овој вирус.