Google ја насочи Maps апликацијата кон тоа во прв план да ги става рестораните кои испорачуваат храна, бидејќи тоа е пожелна опција во време на пандемија и самоизолација.
Оние кои ќе го отворат Google Maps сега најпрвин ги гледаат кратенките кои можат да им помогнат што побрзо да ги пронајдат рестораните што се наоѓаат во близина и да ги испорачаат своите специјалитети. Во некои случаи можно е храната директно да се нарача од апликацијата, но само ако се во прашање оние ресторани кои ја имплементирале оваа функција.
Ова е уште една во низата промени, кои пристигнаа на Maps во текот на пандемијата, бидејќи новите функции почнаа да пристигнуваат уште во март. Корисниците најпрвин можеа да го видат предупредувањето кое се појавуваше при пребарувањето на медицинските установи и кое потсетуваше дека институацијата најпрвин би требало да се повика со телефон, доколку има сомневање за зараза со коронавирус.