Компанијата Asus го претстави новиот лаптоп кој е наменет за гејмери, а тоа е ROG Zephyrus Duo 15.
Се работи за лаптоп кој е дизајниран за гејминг и има два екрана. Моделот на Asus поседува главен 15,6-инчен екран кој може да се добие како 4К панел со фреквенција на освежување од 60 Hz, или панел со резолуција 1.929х1.080 пиксели со фреквенција за освежување од 300 Hz.
Првиот е наменет за креаторите на игри, додека вториот ќе им одговара повеќе на гејмерите.
Тука е и вториот екран вграден на втората половина на тастатурата – се работи за 14,1-инчен екран со резолуција од 3.840х1.100 пиксели кој е чувствителен на допир со френквенција за освежување од 60 Hz.
Горниот дел од екранот се крева под агол од 13 степени за да и двата екрана може да бидат во видното поле на корисникот.
Лаптопот го напојува батерија со капацитет од 90 Wh, a се полни по пат на USB-C порт.
Најскапиот модел има 4К екран, Core i9-10980HK процесор, 32 GB RAM, 2 TB меморија и RTX2080 графичка картичка.
Продажбата започнува на 1 јуни, а цената изнесува 3.699,99 долари.
Извор: Klix.ba