Бил Гејтс е човек со план за борба против коронавирусот: истовремено го финансира развојот на седум различни вакцини против COVID-19 за откривање што е можно побрзо – дури и ако тоа значи трошење милијарди долари.
Соосновачот на Microsoft ја откри својата намера за време на појавувањето во Daily Show with Trevor Noah минатата недела. Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, го напушти одборот на директори во Microsoft и инвестициската куќа Berkshire Hathaway во март за подобро да се фокусира на своите филантропски аспирации.
„Нашето почетно инвестирање може да ги забрза работите. Иако на крајот ќе избереме најмногу две, ќе финансираме фабрики за сите седум, така што не губиме време на празни нагаѓања за тоа која вакцина делува“, изјави Гејтс.
Тој потег претставува значително зголемување на трошењето во борба против коронавирус за фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која веќе допринесе стотици милиони долари за истражување на COVID-19 низ целиот свет.
Покрај вакцината, Гејтс неодамна ја поддржа важноста на мерките за социјално дистанцирање во решавањето на пандемијата COVID-19, која ја нарече „сценарио од кошмар“. Дури и ги повика САД да воведат национални мерки на карантин во обид уште повеќе да ја израмнат кривата.
Доживотниот конкурент на Microsoft, Apple исто така се појавува. Извршниот директор Тим Кук вети дека секоја недела ќе испраќа по еден милион заштитни визири на медицинските работници (кои ги дизајнирал Apple).
Извори: PC Press / The NextWeb
Поврзани артикли