Напорите на Microsoft и инвестирањето во Edge браузерот заснован на Chromium се исплатеа. Bleeping Computer известува дека Edge сега е втор најпопуларен десктоп веб прегледник според користењето, а NetMarketShare истражувањето покажува дека веб-прегледникот има пазарно учество од 7,6% во текот на март.
На тој начин, Edge го помина Mozilla Firefox, кој во текот на март забележа учество од 7,2 проценти. Edge и натаму е зад Google Chrome, чие пазарно учество во текот на минатиот месец изнесувало 68,5%, но секако се работи за одличен резултат за браузер, кој на пазарот не беше ни цели три месеци.
Секако, за успехот на Edge придонесува тоа што има статус на стандарден прегледник во Windows. Од друга страна, доста помогна и тоа што Chromium верзијата на Edge елиминираше голем број недостатоци и проблеми на старата верзија, која користела Microsoft Engine. Edge Chromium е сега побрз, има подобра компатибилност и е подостапен за програмерите со голем број на достапни екстензии.
Поврзани артикли