Иако инсајдерите тоа и претходно го сугерираа, сега потврди пристигнуваат и од официјални извори – Foxconn потврди дека производството на 5G iPhone моделите ќе почне според планот, за новите телефони да бидат претставени наесен.
Foxconn е главен партнер на Apple во производството на iPhone. Компанијата мораше да ги затвори своите фабрики на еден месец поради COVID-19 пандемијата, но сега производството веќе е нормализирано. Сепак, постоеше загриженост дека оваа пауза би можела да го прекине процесот на развој на смартфоните.
Тајванската компанија сега работи со инженерите на Apple за да се надомести загубеното време. Меѓутоа, се истканува дека доколку во следните недели или месеци има дополнителни одложувања, времето на објава на 5G iPhone ќе мора повторно да се разгледа.
Вообичаено, масовното производство се очекува во текот на август (по пробното производство во јуни), за телефоните да бидат подготвени за септемвриската објава.
Поврзани артикли