Apple ја купи популарната апликацијата за временска прогноза за iOS и Android – Dark Sky. Веста за тоа на официјалниот блог на компанијата ја објави Адам Гросман, па очигледно е дека не се работи за првоаприлска шега.
За жал, за разлика од Shazam кој во 2018. година исто така премина во рацете на Apple, Dark Sky повеќе нема да постои за уредите засновани на Android. Апликацијата Dark Sky повеќе не е достапна за преземање, а претходно преземените ќе продолжат на работат на Android уредите до 1. мај, 2020. година.
По наведениот датум, уредите кои работат на Android и Wear OS системите повеќе нема да примаат нови информации за временската прогноза. На претплатниците кои во тој момент ќе имаат активна претплата ќе им бидат вратени парите. Што се однесува до корисниците кои Dark Sky API ги користат за развој на сопствените апликациии, тоа ќе можат да продолжат да го прават до крајот на 2021. година. Нови корисниците од 31. март, 2020 повеќе не се примаат.
За колкава сума Apple остана полесен со оваа аквизиција не е познато, и за овој детал молчат и двете страни.