Имајќи ги во предвид мерките за превенција од корона вирусот ковид-19, согласно препораките од надлежните институции, НЕОКОМ заедно со Македонска берза овозможи значајна поддршка за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање.

За да може да продолжат редовните тргувања на Македонската берза, НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud им овозможи специјална услуга на брокерите,
со која во периодот додека трае кризата, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности. На тој начин вработените во брокерските друштва од дома, без да имаат потреба да доаѓаат во своите канцеларии, ќе можат да ги извршуваат секојдневните трансакции.

Работата во облак (cloud) во екот на кризата е од голема важност имајќи ја во предвид потребата од пристапување до податоци од далечина, што всушност ја претставува и главната карактеристика на платформата neoCloud.

NeoCloud e платформа која НЕОКОМ ја имплементираше уште во 2014 година како одговор на потребите на компаниите за работа во облак. Нејзините главни
предности се редундантноста, големата достапност и безбедноста кои се најбитни кога станува збор за пристап до податоци. Како потврда за квалитетот на платформата се и бројните институции од финансискиот сектор како банки и осигурителни друштва кои ја користат оваа платформа, а на кои безбедноста и достапноста на податоците им е од основно значење.