Vivo претстави нов паметен телефон од S серијата – Vivo S6 5G. Како што вели самото име, една од главните одлики на уредот е поддршката за 5G мрежи, кои се уште треба значително да заживеат низ светот.
Vivo S6 5G е опремен со 6,44“ AMOLED екран со резолуција од 2.400 x 1.080 пиксели. Наместо се попопуларниот punch-hole, на екранот се наоѓа засек во облик на капка, кој беше хит кај минатогодишните смартфони. И покрај постариот дизајн, имплементирани се понови технологии, како читач за отпечатоци од прсти.
Во рамките на засекот е сместена предната камера, која често ја нарекуваме и селфи камера, со резолуција од 32MP и широк агол на снимање. Уредот има и четири камери од задната страна. Главната камера има резолуција од 48MP, ултраширока од 8MP, макро камера и сензор на длабочина од 2MP. Додека селфи камерата поддржува снимање во 1080p резолуција, главната може да снима и во 2160p резолуција.
Vivo S6 5G се темели на Samsung чипот – Exynos 980 и графика Mali-G76 MP5. Производителот објави два модела со по 8GB RAM, а единствено се разликуваат по количината на интерна меморија, која зависно од моделот изнесува 128 GB или 256 GB.
Капацитетот на батеријата изнесува 4.500 mAh. Батеријата поддржува технологија на брзо полнење од 18W. Од софтверска страна се наоѓа Funtouch OS 10, кој се темели на Android 10. Vivo на потенцијалните купувачи им подготви и три бои на куќиштето – црна, бела и сина. Димензиите на уредот изнесуваат 161,16 x 74,66 x 8,68 милиметри, а масата 181 грам.
Почетокот на продажбата во Кина е најавен за 4. април оваа година. Цената на кинескиот пазар ќе се движи околу 380 долари (8/128 GB) и околу 425 долари (8/256 GB). Времето на достапност и цените на другите пазари ќе бидат објавени накнадно.
Поврзани артикли