Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија, Tesla соопшти дека бесплатно ќе испорачува респиратори и друга потребна опрема за болниците ширум светот во екот на пандемијата на коронавирусот.
„Имаме дополнителни респиратори, што ги одобри FDA. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на Tesla. Трошоците за уредите и испораката се бесплатни“, напиша на Тwitter, Елон Маск, извршниот директор на компанијата.
Американската Управа за храна и лекови (FDA), е регулаторното тело и федерална агенција на американскиот Оддел за здравство и човекови услуги, пренесува агенцијата Анадолија.
„Единственото барање е респираторите веднаш да почнат да се користат за пациентите на кои им се потребни, а не да се чуваат во магацини“, напиша Маск.
Извршниот директор на компанијата ги повика заинтересираните да стапат во контакт со него или со компанијата.
Маск минатата недела изјави дека од Кина купиле повеќе од 1.200 респиратори и дека ги испорачале во САД.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, минатата недела потврди дека Маск на својата сојузна држава ѝ подарил 1.000 респиратори.
Поврзани артикли