Шефовите на Microsoft ги открија речиси сите детали од новата Xbox конзола. Претстојниот Xbox Series X сет ќе биде претставен кон крајот на 2020. година, со значително посилна конфигурација, но и опција да ги поддржува сите досега необјавени наслови за оваа конзола.

Xbox Series X ќе работи на специјално направените RDNA 2 и Zen 2 процесори со потписот на AMD. Новата конзола ќе има и побрз хардвер DirectX Raytracing, кој би требало да го подобри квалитетот на сликата и да обезбеди репродукција од 120 фрејма во секунда.

Xbox Series X ќе биде компатибилна со оригиналниот Xbox, Xbox 360 и Xbox One. Исто така, тие би требало да добијат подобрување, пред се во брзината на аплоуд на игрите, а сите кои имаат игри за верзијата Xbox One ќе можат да ги користат игрите и за новата конзола.