Според наводите на официјалните лица, Samsung Display до крајот на оваа година во Јужна Кореја ќе престане да произведува LCD (liquid crystal display) панели. Оваа информација пристигнува откако конкурентот LG Display, претходно оваа година објави дека ќе го суспендира производството на LCD TV панели до крајот на годината.
Најверојатната причина за престанувањето на производството е неурамнотежената и се послаба побарувачка за LCD панелите. Samsung во октомври укина дел од својата LCD производна линија, поради намалената побарувачка и непродадените залихи. Компанијата во соопштение истакна:
„Ќе продолжиме без проблеми да ги снабдуваме партнерите со нарачаните LCD панели до крајот на годината“.
Samsung планира во иднина да инвестира во една од своите фабрики за LCD производство и да ја претвори во погон за производство на своите quantum dot екрани.