Пандемијата на коронавирусот тргна од Кина, па логично е нејзините последици најпрвин таму да почнат да се расчистуваат. Последните недели и денови, животот во Кина, па дури и во самиот епиценатр на пандемијата, Вухан полека се враќа во нормала, се отвораат фабриките и продавнците, а Кинезите се враќаат на своите работни места.
Производителот на разните електронски уреди Xiaomi ги објави своите бизнис резултати за последниот квартал, во кој COVID-19 не влијаеше на неговото работење. Во периодот од октомври до декември 2019. година, нивните приходи пораснаа за 27 проценти и изнесуваа околу осум милијарди долари, од што околу 60 отсто отпаѓа на приходите од продажбата на паметни телефони.
We announced our 2019 results today! I wrote a short note to our Mi Fans, talking about our R&D investments to bring you the most cutting-edge tech and fulfilling our pledge of not making more than 5% net income margins on our hardware business. Please take some time to read it! pic.twitter.com/PUADxP9Ymd
— Shou Zi Chew (@ShouZiChew) March 31, 2020
Во текот на претставувањето на овие резултати, шефот на финансии на Xiaomi, Shou Zi Chew изјави дека во Кина веќе постојат бројни знаци за опоравување на економијата. Кинескиот пазар почнал да се опоравува и веќе е на 80 до 90 проценти од своето вообичаено ниво. Во првото тримесечје, кога коронавирусот најсилно влијаеше на продажбата, приходите на Xiaomi, како впрочем и на сите кинески компании, паднаа, но првиот финансиер на Xiaomi не откри колку и тој податок веројатно ќе биде откриен дури за три месеци, кога компанијата ќе ги објави своите нови квартални резултати.
Во Xiaomi очекуваат дека глобалната побарувачка за паметни телефони нема значајно да падне додека трае пандемијата. Најголемиот удар најверојатно ќе биде видлив во продажабата во текот на март и април, а опоравувањето се очекува веќе од месец мај.