Samsung го претстави новиот бизнис монитор – F27T85. Се работи за 27-инчен монитор со рамен екран и резолуција од 2560х1660 пиксели. Мониторот е опремен со PLS панел со однос на страници 16:9, фреквенција на освежување од 75 Hz и брзина на одзив од 4 ms (GtG).
Бидејќи осветленоста на мониторот е под 400 нита (350) нема поддршка за HDR, туку маркетиншки би можел да се означи како HDR Ready. F27T85 има контраст од 1.000:1, видливи агли од 178/178 степени (хоризонтално и вертикално) и може да прикаже до 1,07 милијарда бои.
Од технологиите поддржува се што би можело да им затреба на бизнис корисниците – Eco Saving Plus, Eye Saver Mode, Flicker Fre, Picture-in-Picture, Picture-by-Picture, Smart Eco Saving, Off Timer Plus и други технологии, вклучувајќи го и Game Mode. Од видео влезовите има DisplayPort (1.2) и HDMI (1.4) , потоа тука е USB 2.0 хаб со три Type-A портови (2x USB 2.0, 1x USB 3.0) и 3,5-mm аудио порт за слушалки или звучници.
Мониторот е опремен со ергомомски сталак кој овозможува ротирање на мониторот во сите правци, вклучувајќи и Pivot (90 степени). За корисниците на кои повеќе им одговараат сталаци од други производители, Samsung ја осигура и поддршката за VESA носач (100×100 мм). Бидејќи од трите страни има мали рабови, згоден е за користење во компјутерските конфигурации со два или повеќе монитора.
Деталните спецификации се достапни на страниците на производителот. На Samsung му треба уште време да го објави времето на достапност и цената.