Најновиот паметен телефон во линијата на Samsung е моделот Galaxy M11, кој без многу помпа беше објавен на веб-страницата на компанијата во Обединетите Арамски Емирати.
Samsung Galaxy M11 има 6.4-инчен LCD екран со HD+ резолуција и punch-hole отвор во горниот лев агол за селфи камерата. Компанијата не откри кој чипсет го покренува уредот. Достапни се и 3GB RAM меморија и 32GB простор за складирање (со microSD слот).
На задната страна се наоѓаат три камери: 13MP f/1.8 главна, 5MP f/2.2 ултраширока и сензор на длабочина. Снимањето на видео е можно во 1080p @30fps. Одзади е сместен и сензор за отпечаток од прст, а од предната страна се наоѓа 8MP f/2.0 селфи камера.
Смартфонот го напојува батерија со капацитет 5000mAh, која се полни преку USB-C порт. Тука се и Bluetooth 4.2, 3.5mm приклучок, Wi-Fi b/g/n @ 2.4GHz, а нема NFC podrške. Присутни се два SIM слота, како и порт за мемориска картичка.
Samsung Galaxy M11 ќе биде достапен во голем број онлајн и физички продавници, а конкретните датуми на продажба и цената не се објавени.
Поврзани артикли