LG го претстави UltraGear 27GN750 мониторот, кој по релативно достапна цена овозможува брз, флуиден гејмплеј. UltraGear 27GN750 е рамен монитор, со 27-инчна дијагонала, има IPS панел и 1080p резолуција.

Гејминг потенцијалите на мониторот се значително зголемени преку 240Hz освежување и одзивот од 1ms. LG исто така имплементирал и VRR поддршка во форма на G-SYNC Compatible сертификатот.

LG истакнува дека мониторот нуди HDR компатибилност, но во прашање е најниската можна поддржана форма (400 нита типично и 320 нита минимално, според наводите на LG). Репродукцијата на бои покрива 99% sRGB опсег, што е типично за IPS панелите.

Кога се во прашање можностите на конекција, UltraGear 27GN750 има 1x DisplayPort, 2x HDMI, 1x USB 3.0 (upstream), 2x USB 3.0 (downstream) и еден приклучок за слушалки.

LG UltraGear 27GN750 е достапен по цена од 399 долари.