Американската компанија Abbott Laboratories направи тест со помош на кој за пет минути може да се одреди дали некое лице е заразено со коронавирус.
Како што наведоа од компанијата од Чикаго, нивниот тест ID NOW во рок од пет минути може да утврди дали лицето е заразено со коронавирус, а за 13 минути е можно дефинитивно да се утврди дали лицето е негативно на вирусот.
Управата за храна и лекови на Соединетите Американски Држави (FDA) ја одобри употребата на ID NOW уредот, кој веќе почна да се произведува, а во продажба ќе биде пуштен во понеделник. Месечно ќе бидат произведени пет милиони тестови.
This is GAME CHANGER. Abbott to market, starting next week, a fast point-of-care #coronavirus test, delivering positive results in 5min and negative results in 13min. Will deliver 50K tests/day to start. Kudos to Abbott and FDA’s Jeff Shuren and team at CDRH who are in the fight.
— Scott Gottlieb, MD (@ScottGottliebMD) March 28, 2020
Како што наведуваат од Abbott Laboratories, уредот кој на молекуларно ниво ја одредува присутноста на коронавирусот е мал и пренослив, отприлика со големина на тостер, и ќе може да се користи и надвор од здравствените установи.
САД со повеќе од 100.000 лица е на првото место според бројот на заразени во светот.