Компанијата од Калифорнија, Mojo Vision се специјализираше за развој на производи од тн. „невидливо компјутерство“. Нивниот производ, кој го развиваат веќе неколку години го нарекуваат „први навистина паметни контактни леќи“. Во прашање е истражување кое засега дојде до ниво на првите физички прототипи, но сите анализи се уште се извршуваат во VR апликацијата, која покажува како тие контактни леќи би требало да функционираат.

Идејата која стои зад овој производ е намалување на корисничката зависност од екраните. Денес се се сведува на тоа – гледање на екранот на телефонот, компјутерот, ТВ… Паметните контактни леќи би можеле да му прикажуваат информации само на лицето кое ги носи, а активирањето на одредени команди би се извршувало со гледање во различни правци. Мајк Вимер, CTO на компанијата и еден од нејзините основачи, наведе дека сакаат да овозможат дискреција, но и да избегнат луѓето да изгледаат чудно на улица (како кога преку hands-free уредите зборуваат на телефон).

Изработката на паметни леќи не е ни малку едноставна задача. Потребно е да се направат соодветни сензори за разни намени, кои ќе бидат доволно мали и транспарентни да можат да се носат на око, а ќе биде потребно и тука да се имплементира дисплеј. Тоа е веројатно најмалиот екран досега направен. Но, до целосната функционалност на леќата недостасуваат уште сензори, кои засега не се имплементирани. Леќите се напојуваат по безжичен пат, преку носечките компоненти, кои се ставаат околу зглобот на раката, а нивната улога е и да ги извршат сите пресметки и обработка на податоци, со цел „преџваканите“ резултати да ги проследат во леќата. Се размислува и за варијанта за тоа да се употреби телефон наместо носечки уред, но оваа идеја се уште не е реализирана,