Самоизолацијата и покрај сите средства за комуникација може да биде осамено искуство, посебно за оние кои се навикнати деновите да ги поминуваат во близина на други луѓе. Астронаутите кои летаат околу Земјата се добро запознаени со оваа состојба, бидејќи околу нив е бескрајното пространство на вселената, во кое поминуваат и по една година.
Оние кои месеци поминуваат на Интернационалната вселенска станица се повеќе квалификувани да зборуваат за изолацијата отколку оние кои се во своите домови само неколку домови, па астронаутката Пеги Витсон, на пример, истакнува дека најважна е внимателната комуникација со луѓето со кои се дели просторот. Ен Меклејн, исто така, ја истакнува важноста на комуникацијата, и подвлекува дека најважно е јасно да се зборува, со цел сите добро да се разберат во услови на зголемениот стрес.
WATCH: @AstroPeggy, one of the most successful astronauts in American history, shares her advice for staying in during the #coronavirus pandemic: “You have to be able to communicate effectively… that is the most important thing you have to be able to do.” pic.twitter.com/m3mzy0BOsE
— CBS This Morning (@CBSThisMorning) March 23, 2020
Астронаутот Скот Кели вели дека најважно е да се следи рутината, со цел оние кои го делат истиот простор полесно да се прилагодат на новите услови, додека Крис Хадфилд препорачува аналитички пристап, за подобро да се процени ситуацијата и во скалд со тоа да се постават цели. Баз Алдрин, вториот човек кој стигна до Месечината, вели дека е најважно да се остане дома и стрпливо да се почека крајот на кризната ситуација, а за да не се загрози сопствениот и животите на останатите.
Покрај внимателност, сите астронаути ги препорачуваат и активностите кои квалитетно го скратуваат времето, како читање, гледање филмови, слушање музика, пишување и секако, редовно миење на рацете.