Министерството за одбрана на РФ објави видеоматеријал од италијанскиот град Бергамо каде што започна операција за дезинфекција на овој град во која учествува рускиот контингент. Првиот објект кој е успешно исчистен од присуство на коронавирусот е мотелот „Мартино Занки“.

Дезинфицирана е површина од вкупно 2 илјади квадратни метри. Третирана е внатрешноста на објектот, како и надворешните површини кои се наоѓаат околу него, вклучувајќи ги и пристапните комуникации. Во оваа акција се употребени мобилни системи за дезинфекција со аеросол и генератор на електрична енергија поставен на камионска платформа.

https://storage.ruptly.tv/video_projects/2020/03/27/20200327-046/20200327-046_h264_640x360_1Mbps_with_watermark.m3u8

Руските специјалисти пристапија и кон дезинфекција на мотелот „Каза Рипозо“ кој се наоѓа во населеното место Немуро.

Руската армија пред неколку дена испрати во Италија специјална група руски виролози и експерти за борба против епидемии предизвикани од заразни микроорганизми. Руската група се состои од 100 луѓе со 22 мобилни единици специјална техника која се состои од лаборатории и средства за аеросолна дезинфекција на терен, но и на сите видови градежни објекти. За транспорт на овие сили беше формирана воздухопловна флота составена од 14 воено-транспортни авиони Ил-76.

Во Италија досега се регистрирани околу 86 илјади луѓе позитивни на коронавирус. Од тој број починаа повеќе од 9 илјади пациенти (првенствено на поодмината возраст), додека 11 илјади заразени успешно се излекуваа.

Извор: Russia Beyond