Телепортацијата останува една од најпознатите футуристички теми во науката. Според проф. Брајан Грин од Универзитетот Колумбија и коосновач на Светскиот фестивал на науката, телепортирањето на предмети и луѓе ќе биде можно најрано за 500, а можеби и дури за 1000 година.

„Во моментов има верзија на телепортација која физичарите ја користат редовно. Никој не телепортирал луѓе. Можеме да телепортираме индивидуални честички, на пример“, вели Грин.

Актуелната телепортација на честички за кои зборува Грин, не е класично земање на честичка и нејзино префрлање од едно на друго место, туку создавање нејзина копија со иста квантната состојба и истите својства.

„Во пракса тоа значи дека честичка која била таму, сега е веќе тука. Но самиот процес всушност ја уништува првата честичка и останува само нејзината нова копија“, допонува Грин.

Можно ли е преку овој метод да се телепортираат и луѓе?

Грин вели дека во моментов технологијата не може да опфати голем број на копирани честички.

„Барем јас не мислам така. Кој знае, по 500 или 1000 години може да имаме нешто што вреди да се проба. Ако се случи за време на нашиот живот, сепак можам да ви гарантирам едно – сигурно нема да сум првиот човек кој ќе влезе во уредот“, вели Грин.