За да им излезе во пресрет на оние кои се затворени во своите домови, Apple на креативците ќе им дозволи бесплатно, но на краток период да ги испробаат своите најпознати софтвери, меѓу кои и Final Cut Pro X, во период од 30 до 90 дена. Корисниците во секој случај ќе мораат да платат 300 долари за лиценцата по завршувањето на промотивната кампања, но сепак ќе имаат три месеци добро да се запознаат со софтверот.
Оние кои сакаат да го искористат ваквиот потег на американската компанија, можат да го преземат софтверот на сајтот на Apple. Дури и оние кои ја користеле пробната верзија во траење од 30 дена, можат да ја преземат новата верзија и да ја користат уште 90 дена.
Прв пат, компанијата ќе го претстави и Logic Pro X, професионалниот софтвер за монтажа на звукот, кој инаку чини 200 долари. Logic Pro X, кој многумина го сметаат за стандард во својата сфера, исто така ќе може да се испроба во период од 90 дена, но кога точно ќе може да се преземе се уште не е познато.