Долго време се шпекулираше дали коронавирусот ќе се однесува слично како и останатите вируси доколку температурите се зголемат.
Очигледно има причина тоа да се случи, што покажало најновото кинеско истражување…
Поголемите температури и поголемата влага во воздухот би можеле да го успорат ширењето на вирусот, тврдат научниците од кинескиот Универзитет кои што уште од почетокот на епидемијата го истражувале влијанието на температурата врз истиот.
Истражувањето покажува дека потоплото време може да влијае на пандемијата коронавирус, но научниците додаваат дека само тој фактор нема да го сведе бројот на заразени луѓе на нула и целосно исчезнување на пандемијата.
Сепак, научнците овојпат биле оптимисти и докажале дека коронавирусот не може да преживее на 30 степени целзиусови, а секој пораст на температурата за еден степен или влагата за еден отсто ќе ја успори брзината на пренесување на оваа болест од човек на човек.
Истажувањето покажало дека бројот на заразени во Кина се намалил и поради овие фактори кои што влијаеле на истото.
Научниците сега се убедени дека ригорозните мерки, како што се карантин и потоплото време се клучни фактори за смирување на епидемијата.
Засега научниците не сакаат да шпекулираат зошто вирусите, вклучувајќи го и семејството на корона вируси меѓу кои е и Ковид-19, побрзо се шират на ниски температури, освен што е познато дека низ влажен воздух истите поспоро патуваат, односно дека имаат пократок домет.
Научниците исто така тврдат и дека човечкиот имунитет во текот на зимата е почувствителен и дека сувиот воздух ја суши слузницата околу носот која што е прва линија на одбрана, па поради тоа вирусите најбрзо влегуваат низ носот.
Извор: Alo.rs