Тајванскиот совет за развој на надворешна трговија (TAITRA) и Тајванската компјутерска асоцијација (TCA), двете организации кои го организираат Computex саемот, објавија дека планираат одложување за септември оваа година. Наместо да почне на 2. јуни, конференцијата ќе стартува на 28. септември и ќе трае само три дена наместо пет.
Она што изненадува не е фактот дека Computex е уште една во низата технолошки конференции кои се погодени од пандемијата на коронавирус, туку што нејзините организатори се уверени дека воопшто ќе можат да го одржат настанот. Во поголем дел од случаите, видовме дека останатите организации како GSMA и ESA, оваа година целосно го откажаа настаните како MWC и E3.