Веќе имавме прилика да видиме рендери и дел од спецификациите на Moto G8 Power Lite телефонот, а сега новите протечени информации ни овозможуваат речиси целосен увид во карактеристиките на уредот.
Нова информација е дека телефонот се очекува во продажба во текот на април, доколку нема некои непредвидени проблеми. Очекуваната цена е 190 евра.
По таа цена се очекува 5000mAh батерија, четири камери (16MP главна, две 8MP и една 2MP), 6.5-инчен дисплеј со 720 x 1600p резолуција и засек во облик на капка за селфи камерата.
На крајот, телефонот ќе го покренува MediaTek Helio P35 чипсет, со 4GB RAM и 64GB интерна меморија. Motorola Moto G8 Power Lite нема да има NFC поддршка, а ќе се полни на 10W.
Поврзани артикли