Новиот коронавирус им постави предизвик на научниците ширум светот, а брзината со која што се шири диктира на тоа дека и тие треба да убрзаат во процесот на создавање вакцина против Ковид-19. А, токму за ваква цел направен е најбрзиот суперкомпјутер на светот, пишуваат од CNN.
Summit е суперкомпјутер опремен со „мозок“ на вештачка интелигенција и спровел илјада симулации за да ги анализира состојките од лековите кои што можат ефикасно да ја спречат инфекцијата на човечките ќелии.
Биле идентификувани 77 такви супстанции, што е ветувачки чекор кон остварување на најефикасната вакцина во време кога многу од државите се “во трка“ да развијат третман против коронавирусот.
Истражувачи од Националната лабораторија во Тенеси, каде што е сместен овој суперкомпјутер, го објавиле своето истражување во списанието „ChemRxiv“.
Овој суперкомпјутер бил нарачан од страна на американското Министерство за енергетика уште од 2014-та година, а целта му е решавање на проблеми како овој сега со кој се справува целата планета.
Тој има сила од 200 петафлопови што значи дека работи со брзина од 200 билијарди во секунда, односно тој е милион пати помоќен од најбрзиот лаптоп на светот.
Тој досега идентификувал шеми во системот на ќелии кои претходат на алцхајмерова болест, ги анализирал гените кои допринесуваат за карактеристиките како што се зависност од опиоди и предвидел промени на времето врз основа на климатски симулации, наведуваат од CNN.
Новиот вирус кој што ги инфицира ќелиите се размножува со помош на неговите шилци, а работата на овој суперкомпјутер е да пронајде супстанции кои што би можеле да се поврзат за тие шилци и потенцијално да ја запрат неговата инфекција и неговото ширење.
Суперкомпјутерот спровел симулација на над 8.000 соединенија кои што би можеле да се поврзат со протеините на вирусот, што би ја ограничиле способноста на неговото ширење во ќелиите.
Тој идентификувал 77 такви соединенија и ги рангирал врз основа на веројатноста на нивното поврзување.
IBM Summit supercomputer joins fight against COVID-19
Oak Ridge National Laboratory says early research on existing drug compounds via supercomputing could combat coronavirushttps://t.co/tK2wmeZ0R6
— Wendy Bentkoski (@Niche_Retail) March 18, 2020
Овој суперкомпјутер на научниците им го овозможил првиот чекор на анализата на коронавирусот, а тоа е идентификување на потребните супстанции. Понатаму експерименталните истражувања ќе покажат кои соединенија најдобро функционираат.
„Нашите резултати не значат дека сме откриле лек или пак третман за коронавирусот“ – истакнал Џереми Смит, директор на лабораторијата во Центарот за молекуларна биофизика.
Нивните резултати ќе послужат за понатамошните истражувања кои што се неопходни за да се создаде најефикасна вакцина.
„Дури тогаш ќе знаеме дали некое од тие соединенија ги исполнува критериумите кои што се потребни за запирање на ширењето на вирусот“ – додал Смит.