Без оглед на гласините на интернет за новиот коронавирус, тој настанал во природата и истиот не бил креиран во лабораторија, тврдат научниците кои што објавиле детално геномско испитување на вирусот.

SARS-CoV-2, вирусот кој ја предизвикува болеста Ковид-19, покажува нула докази дека е изработен во лабораторија, известил тимот кој што своето откритие го објавил на 17-ти март во списанието „Nature Medicine“.

„Споредувајќи ги достапните податоци за секвенците на геномите за познатите видови на коронавирус, можеме да утврдите дека SARS-CoV-2 потекнува од природен процес“ – изјавил коаворот на истражувањето Кристијан Андерсен, вонреден професор по имунологија и микробиологија.

Како што пандемијата се шири, гласините за тоа дека научници го создале коронавирусот во лабораторија се многу чести.

Но, тимот на Андерсен верува дека нивното истражување го покажува спротивното.

Тие истакнале дека коронавирусот веќе долго постои, и предизвикува болести со различна тежина.

Првата тешка болест поврзана со коронавирусот – тежок акутен респираторен синдром (САРС), се појави во Кина во 2003-та година, додека пак вториот респираторен синдром на Блискиот исток (МЕРС), настана во Саудиска Арабија во 2012-та година.

Додека тие две болести изумреа, Ковид-19 и понатаму се шири низ светот. На почетокот на пандемијата, кинеските научници гоp пресликале геномот на SARS-CoV-2 и направиле неговите податоци да бидат слободно достапни на научниците ширум светот.

Користејќи ја таа мапа на геноми, Андерсен и неговите колеги го испитале генетскиот код за протеини со надворешната страна од вирусот.

„Една компонента од генетскиот код која што се нарекува RBD е вид “кука грабливка“ коај вирусот ја користи за фаќање на човечките ќелии. RBD на новиот вирус е неверојатно ефикасен во поврзување со ќелиите, всушност толку многу ефикасен што научниците веруваат дека се развил само по пат на природна селекција“.

Другиот доказ кој што покажува дека вирусот е од природно потекло е поврзан со она што научниците го нарекоа ‘рбет на SARS-Cov-2 – неговата основна молекуларна структура.

Млекуларната структура на SARS-Cov-2 не наликува на ниту една друга структура на корона вирусите кои што веќе ги заразувале луѓето.

Наместо тоа, таа наликува на коронавирусите кои што се наоѓаат кај лилјаците и некои цицачи. Тоа е уште еден доказ дека новиот вирус во Кина премина од животните на луѓето.

Па како тогаш настанал овој вирус?

Според тимот на научници на Андерсен, овој вирус се развил во некое животно за подоцна да мутира и да премине на човекот.

Вирусот е многу сличен на корона вирусите кои што се забележуваат кај лилјаците, но веројатно истиот се “преселил“ во друг домашен цицач пред да се пренесе на луѓето.

Според научниците, генетскиот клуч би бил еволуциска модификација на ќелиските “куки“ RBD додека вирусот се наоѓал во некој друг вид.