Facebook на корисниите им овозможи да изберат темен режим на десктоп системите. Компанијата за TechCrunch истакна дека од денес поголем дел од корисниците ќе имаат пристап до новиот дизајн на десктопот. Ова вклучува темен режим, кој може да се вклучува и исклучува во рамките на Settings паѓачкото мени.
Оваа функција е во подготовка веќе некое време. Facebook прв пат вети почист и побрз десктоп интерфејс на својата F9 конференција минатата пролет. Лимитираниот број корисници од јануари годинава ја тестира редизајнираната социјална мрежа.
Доколку ја користите десктоп верзијата на Facebook, ќе ви се прикаже банер на врвот на страницата, кој ве прашува дали сакате да се префрлите на „New Facebook“. Засега се уште е можно да се вратите на „Classic Facebook“, доколку само го тестирате изгледот, но новиот редизајн ќе стане стандарден подоцна во текот на годината.
Останатите измени вклучуваат централизирани табови за Facebook Watch, Marketplace, Groups и Gaming.