Неколку дена откако Microsoft ги обелодени спецификациите за својата претстојна Xbox Series X конзола, Sony објави информации за PlayStation 5 конзолата. Истакнати се спецификациите на хардверот, новите технологии кои ги имплементира конзолата и другите аспекти на уредот.
Спецификациите на Sony PlayStation 5 конзолата вклучуваат:
CPU со 8x Zen 2 јадра @ 3.5GHz
GPU од 10.28 TFLOP, 36 CU @ 2.23GHz
Прилагодена RDNA 2 GPU архитектура
16GB GDDR6 меморија, 256-битен интерфејс, 448GB/s мемориски проток
825GB SSD + NVMe SSD слот за проширување на складирањето
I/O проток од 5.5GB/s (Raw), типично 8-9GB/s (Compressed)
USB HDD поддршка
4K UHD Blu-ray Drive
Интересни е дека Sony ќе им дозволи на корисниците на конзолата да користат M.2 NVMe дискови од другите компании. Овие уреди ќе мораат да ги поминат тестовите на компатибилност, но ова е дополнителна предност која Sony ја нуди во однос на Microsoft Xbox Series X моделот.
Кога се во прашање споредбите на двете претстојни конзоли, PlayStation 5 го надминува моделот на Microsoft на полето на SSD брзини, додека Xbox Series X е подобар во GPU терафлопови и CU единици. Двете конзоли користат AMD Ryzen и имаат поддршка за RDNA2 технологии, ray tracing опции и други сличности.
Sony се уште не го објави конечниот изглед на PlayStation 5 конзолата, а не е позната ни цената на уредот.
Поврзани артикли