Facebook пронајде голема грешка кога се во прашање филтерите за лажни вести поради што многу линкови со корисни информации беа забранети за споделување.
Овие филтери се направени за да се спречи ширење на неточни информации во врска со коронавирусот, но им се провлече технички проблем.
Од компанијата предупредија дека грешките се можни поради што делот за одобрување на содржина е доверен на вештачката интелигенција.
Гај Роузен објави твит на кој пишуваше дека се вратени сите објави кои се отстранети по грешка, вклучувајќи ги и коментарите на сите теми, не само оние коишто се однесуваат на Covid-19.
„Имаше проблем во врска со автоматски систем кој сега е отстранет“, напиша Роузен.