Иако е одложена GDC конференцијата, која беше планирана за оваа недела, Microsoft одлучи да објави голем број вести за својата Xbox Series X конзола, која се очекува во текот на празничната сезона кон крајот на годината. Овие информации вклучуваат и целосни спецификации за конзолата од наредната генерација.
Спецификациите вклучуваат: 8 јадра @ 3.8 GHz (3.66 GHz w/ SMT) за прилагоден Zen 2 CPU; 12 TFLOPS, 52 CU-a @ 1.825 GHz за прилагоден RDNA 2 GPU; подобрен 7nm производен процес; 16 GB GDDR6 меморија и 10GB @ 560 GB/s, 6GB @ 336 GB/s мемориски проток; 1TB NVME SSD простор за складирање + 1 TB Expansion Card + SB 3.2 External HDD поддршка; 4K UHD Blu-Ray Drive; Перформанси од 4K @ 60 FPS и до 120 FPS.
Microsoft истакнува дека фокусот со оваа конзола е на перформансите, брзината и компатибилноста. Корисниците ќе можат на Xbox Series X конзолата да ги играат сите игри од претходните конзоли, а достапни се преку Backward Compatibility програмата.
Големиот фокус е и на перформансите, па Xbox Series X конзолата е способна да работи на 4K 60fps константно и без компромиси, а за да се постигне ова потребна е и работа на 120fps.