Samsung официјално го најави својот entry-level паметен телефон Galaxy A11 и објави соодветни фотографии.
Се работи за смартфон со 6,4-инчен Infinity-O TFT екран со резолуција од 1560 x 720 пиксели, осмојадрен чип на 1,8 Ghz, 2 односно 3 GB RAM, 32 GB интерна меморија за складирање податоци, проширлива преку microSD картички до 512GB и батерија со капацитет од 4000mAh (брзо полнење од 15 W).
Од предната страна се наоѓа 8-мегапикселна селфи камера во отворот од горната лева страна на уредот. Од задната страна се ноаѓа тројна камера базирана на главен 13-мегапикселен сензор, 5-мегапикселен ултраширок сензор и 2-мегапикселен сензор за длабочина.
Покрај задната камера, тука е и сензорот за отпечатоци од прсти, а постои и можност за препознавање на лицето. Оперативниот систем е Android 10 во комбинација со One UI 2.0 интерфејсот. Во продажба пристигнува во црна, бела, сина и црвена боја, со тоа што датумот на почеток на продажбата и цената на уредот засега не се познати.
Поврзани артикли