Студијата наречена „The Effective of Social Media“ е спроведена во текот на минатата година и вклучувала 2844 корисници на Facebook кои што социјалната мрежа ја користеле најмалку 15 минути дневно.
Деактивирањето на профилот на Facebook за само четири седмици може да доведе до подобрување на менталното здравје на луѓето, покажува оваа студија. Имено, истражувачите од Универзитетот „Њујорк“ и Универзитетот „Стенфорд“ во САД, го проучувале влијанието на напуштањето на оваа социјална мрежа на однесувањето на одредено лице и неговиот ум.
Деактивацијата на Facebook профилот ги поттикнала испитаниците да започнат повеќе да се дружат со своето семејство и со своите пријатели. Други пак се пофалиле дека имале повеќе време за да гледаат телевизија.
Leaving Facebook may be good for your emotional well being, but you could be less informed about current events, a new study finds https://t.co/cuEZOVIcao pic.twitter.com/IpHL7pCtVq
— CNN (@CNN) February 1, 2019
Испитувањето покажало дека тие „помалку следат вести од политиката и за претседателот“ и дека се „помалку способни точно да одговорат на прашањата за неодамнешните случувања“. Истражувачите откриле дека луѓето кои што ги деактивирале своите профили на Фејсбук повеќе никогаш не се враќаат на социјалната мрежа, или пак трајно го намалуваат користењето.
„Нашата студија нуди досега најголеми експериментални докази за начинот на кој facebook влијае на луѓето. Деактивацијата на профилите ги натера добро да размислат за позитивните и негативните влијанија кои што Фејсбук ги има на нивните животи“, велат авторите на студијата.
Поврзани артикли