На младинскиот предизвик “Генерација без граници” 2019, поддржан од Фондација на Телеком, Уницеф и Сојузот на извидници на Македонија, а имплементиран од СмартУП – Лабараторија за иновации, тимот “Нешто Нетипично” победи и почна да ја разработува идејата за мобилна апликација наменета за лица со попреченост и лица со типичен развој – кои ќе бидат волонтери и ќе им го олеснат на лицата со попреченост излегувањето надвор, но и да им помогнат на родителите на засегнатите страни.
Името на апликацијата ќе биде Walkiie, односно логото кажува дека двете И се поврзуваат и станува Walkme, ( оди со мене, однеси ме)
“Она што најмногу ни е потребно е да допреме до родителите и старателите на лицата со попреченост, но и сите оние млади кои би сакале да се пријават како волонтери.” – вели тимот.
За жал, лицата со попреченост многу ретко или воопшто не можат самостојно да излегуваат од своите домови или институциите во кои живеат. Тоа ја попречува нивната социјализација и реализација како личности. Она што го увудив во последните две години работејќи со нив е дека им треба само малку од нашата поддршка и помош Токму затоа сметаме дека оваа апликација ќе биде од помош за двете страни – лицата со попреченост ќе излегуваат почесто, а волонтерите ќе го искористат времето на вистинскиот начин.– Елена Божиновска (19).
Она што го научив работејќи со лицата со попреченост е дека лек за интелектуалната попреченост за сега не постои , но постоиме ние и можеме да им бидеме огромна поддршка. Од психолошки гледан аспект, поради одредените ограничувања во когнитивното функционирање и вештини, вклучително и комуникациски, социјални и вештини за самогрижа на лицата со интелектуална попреченост доведува до проблем за извршување на нивните социјални активности кои ние ги согледавме.– Ѕвезда Иванова(21)
Тешко ми е сам да се снајдам и не можам сам во автобус или низ град. Подобро ми е ако има некој со мене да ми покаже каде треба да одам и повеќе време да поминувам надвор– Лазе Димов ( лице со попреченост) (20)
Можност за поддршка и повеќе информации:
Facebook: https://www.facebook.com/walkiieapp/ (WalkiieApp)
Instagram: https://www.instagram.com/walkiie_app/ ( walkiie_app)
Email: [email protected]
Web site: http://walkiie.com/