Според достапните информации, дизајнот на Galaxy Note20 телефонот на Samsung ќе биде сличен на неговиот претходник, но ќе има нешто „почетвртест“ изглед за полесно да се разликува од моделите од Galaxy S20 линијата. Сега се појавија рендери кои покажуваат какви промени можеме да очекуваме од помалиот Galaxy Note модел.
Рендерите во тандем ги креираа сајтот LetsGoDigital и YouTube блогерот под име Concept Creator. Потенцијалниот концепт дизајн на Galaxy Note20 5G телефонот покажува дека уредот ќе го задржи правоаголниот екстериер како кај Note10 моделите, заедно со punch-hole камера во врвот на дисплејот. На задната страна може да се види перископ објектив, што сугерира дека Samsung на овој модел би можел да додаде барем 3x зумирање.
Samsung за Galaxy Note20 би можел да направи подобрен дисплеј, со освежување од 120Hz на најголемата резолуција. Самиот дисплеј би можел да нуди адаптивна стапка на освежување, која се менува меѓу 60Hz и 120Hz во зависност од содржините кои се прегледуваат.
Останува да се види уште какви интересни хардверски карактеристики ќе имплементира Samsung го годинашниот Galaxy Note20 5G телефон.