Покрај тоа што предупредува на безбедносните мерки при средбите со оние кои ги запознаваме преку дејтинг апликацијата, Tinder сега ја истакнува и важноста на протоколот кој е важен за заштита од коронавирусот.
Се работи за тоа дека корисниците неодамна откриле преупредување во рамките на апликацијата, која е во врска со вирусот познат и под името COVID-19, а предупредувањето се појавува во pop-up формат, во текот на пребарувањето на потенцијалните партнери. „Tinder е одлично место за запознавање нови луѓе“, стои во предпредувањето, „но важно е во текот на забавните моменти да се заштитите и од коронавирусот“. Pop-up известувањето ги вклучува и упатствата за заштита, и упатува на сајтот на Светската здравствена организација.
Корисниците, како што тоа обично се случува, реагираа и на оваа новина, и социјалните мрежи ги преплавија со коментари кои упатуваат на тоа дека Tinder има и посериозни проблеми од вирусот, и дека на пример, би требало да се позанимава од малициозните корисници.
Поврзани артикли