Безжичниот интернет дома може да биде забавен поради многу причини, а ова е начин како да проверите дали интеренет провајдерите се виновни за тоа.
Малку што може да изнервира како кога секој момент ви се прекинува омилената серија за да се вчита видеото, или кога брзо ви треба некоја информација и баш тогаш не сака да се отвори веб-страницата. Нервирањето околу таквите рабови би можело да се избегне само доколку Wi-Fi интернет конекцијата е стабилна.
На брзината на интернетот, провајдерите многу можат да влијаат. А тоа го прават доколку сметаат дека премногу време поминувате на YouTube или на некој од конкурентските сајтови за видео стриминг. За среќа, постојат начини како тоа да го проверите и да го спречите.
Пред нешто да преземете, тестирајте ја брзината на интернетот. Проверете ја брзината кога интернетот ви работи совршено и тогаш кога се сомневате дека ве „поткраднуваат“ и уверете се дека не се работи само за субјективно чувство на побавна мрежа.
Ако мислите дека е до интернет провајдерот, пронајдете добра виртуелна приватна мрежа (VPN – Virtual Private Network), која ќе ја прикрие вашата вистинска IP адреса, што на провајдерот ќе му ја отежни работата на забавување на вашата интернет конекција.
Кога сте се заштитиле со помош на VPN, повторно тестирајте го интернетот. Ако повторно имате проблеми со брзината, големи се шансите причина да не е нешто друго, а не „упаѓање“ во вашата мрежа. Доколку интернетот е побрз во VPN, тогаш дефинитивно некој тоа ви го правел намерно.
Бидејќи сте веќе сигурни дека операторот ви го забавува интернетот, морате нешто да преземете.
Доколку го промените провајдерот, мали се шансите дека нема да ви се случи истото, но секако изберете го најдобриот интернет провајдер во опкружувањето.
Повикајте го операторот, пожалете се на нестабилната брзина на интернетот и „заканете се“ дека ќе го смените операторот. Не постои гаранција дека ова ќе успее, но можете барем да пробате.