Компанијата Facebook бесплатно ќе објавува реклами на Светската здравствена организација (СЗО), најави денеска основачот и сопственик на компанијата, Марк Цукерберг.
– Ќе и дадеме на СЗО рекламен простор колку што и е потребен, заедно со друга корисна поддршка, истакна Цукерберг.
На корисниците кои ќе пребаруваат постови за вирусот ќе им излегуваат поп-ап информации кои ќе ги водат до сајтот на СЗО или локалните здравствени организации со најнови вести и совети, нагласи основачот на Facebook, додавајќи дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор, со цел да се спречи ширењето на дезинформации.
Facebook ќе работи со светски здравствени експерти и ќе им дава поддршка на други организации.
Поврзани артикли